СКАНДАЛ Познат музичар осуден на 20 години затвор за педофилија и подведување на малолетници!

popara24 февруари, 20231min00
Screenshot_6

Американскиот рапер Ар Кели (56) денеска е осуден на 20 години затвор поради детска порнографија и подведување малолетници, објави Си-Ен-Ен.

 

 

 

 

Тој веќе отслужува 30-годишна затворска казна, почнувајќи од 2021 година, откако беше осуден за рекет и сексуална трговија во федералниот суд во Њујорк.

 

Американскиот окружен судија Хари Лајненвебер денеска изјави дека 19-те години затвор на Ар Кели ќе течат истовремено со неговата претходна казна од 30 години.

 

Уште во септември, Кели беше прогласен за виновен за детска порнографија и поттикнување малолетници на сексуални активности, а сега е осуден.

 

Обвинителството побара 25 години затвор кога ќе му заврши казната од 30 години.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma