Актерите Том Хидлстон и Заве Ештон се еден од тие тајни славни парови. Во октомври 2022 година, тие тајно станаа родители на нивното прво дете, што дури подоцна беше потврдено од извор за US Weekly.
“Том и Заве едвај чекаа да станат родители и се исполнети со радост. Не спијат многу, но се воодушевени”, изјавил тогаш изворот за американските медиуми накратко. Парот засега не го открива името, ниту полот на детето, а актерот за прв пат е фотографиран како се шета со бебето. Во спортско издание, а со слушалки во уши, актерот излезе на опуштена прошетка, а им се придружи и нивното крзнено милениче.
Двојката цело време ја чуваше веста за нивната свршувачка во тајност, а веста беше откриена случајно кога Ештон се појави на доделувањето на наградите БАФТА минатиот март со голем дијамантски прстен на раката. Двојката е во врска од 2019 година, кога се запознаа и се заљубија на претставата „Предавство“, во која и двајцата глумеа. Својата врска официјално ја потврдија дури во септември 2021 година, а истата година се преселиле во заеднички стан во Њујорк.