Колку протеини ни се потребни дневно: Нутриционистите советуваат како најдобро да го постигнеме тоа

popara24 февруари, 20231min00
jaja-frizider-830x0

Истражувањата покажаа сериозен недостиг на протеини, а нутриционистите ни го дадоа ова интересно решение

Неодамнешните истражувања покажаа дека луѓето често имаат голем дефицит на протеини. Особено луѓето од 50 до 80 години, кои најчесто имаат тенденција да занемаруваат некои важни аспекти од здравата исхрана.

Овој пат, студиите се фокусираа на протеините и ни открија колку тие всушност се важни за нашето тело, а ова е знак дека е време да го нормализирате внесот на протеини.

Јајцата се придружени со приказната за висок холестерол, но многу заклучоци укажуваат на спротивното.

Јајцата како решение за недостаток на протеини

Статистички би требало да внесуваме околу 0,75 грама протеини по килограм.

Значи, возрасна жена обично тежи околу 60 килограми, што би значело дека за нејзината тежина најдобро е да консумира околу 45 грама протеини дневно; возрасен маж тежи приближно 75 килограми, што би значело дека идеалната мерка е 56 грама протеини дневно. Сепак, тоа варира и до 1,2 грама.

Едно јајце содржи шест грама протеини, но доколку консумирате по две јајца дневно (особено варени), тогаш протеинот ќе го вратите на вистински начин, како што советуваат експертите.

Постојат многу варијации на рецепти кои ви го олеснуваат внесот на количината на јајца што ви треба за да ги задоволите препорачаните количини. За секој план на исхрана најдобро е да се консултирате со експерт, а подобро е да знаете дека жолчката содржи повеќе грама протеини, поради што е треба да имате цели јајца во исхраната, пишува „Dailymail.co.uk“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma