Мадона ја раскина врската со 41-година помладиот модел: Пејачката има проблем со самодовербата

popara25 февруари, 20231min00
profimedia-0651303499-830x0

Американските медиуми пишуваат дека Мадона и нејзиното момче модел Ендрју Дарнел, кој е 41 година помлад од неа, ја прекинале врската која траела нешто помалку од една година.

Имено, причината за наводното раскинување е тоа што пејачката наводно доживува „криза на самодоверба“ поради неодамнешните „старосни и мизогински“ критики за нејзиниот изглед на почетокот на овој месец.

– Врската со него беше многу лежерна работа, па немало скршени срца. Едноставно се случило во лошо време – изјавил изворот за „PageSix“.

– Таа има мала криза на самодоверба. Таа навистина се забавуваше со Ендру, но никогаш не беше љубов или нешто слично – додава изворот за странските медиуми.

Многумина велат дека нејзината самодоверба ја разнишале коментарите на оние кои ја мразат на социјалните мрежи дека изгледала непрепознатливо на Греми наградите во 2023 година.

Да потсетиме дека сега веќе бившата двојка почна да се забавува веднаш по завршувањето на тригодишната романса со поранешниот танчер Ахламалик Вилијамс (28).

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma