За чиста кожа
Кожата погодена од митесери често пати од некој друг вид на неправилности. Често се работи за мрсно лице. Вишокот на себум добро реагира на пилинг, додека мозолчињата не реагираат добро на било кој тип на гребење на кожата. Во оваа смисла, треба да бидете многу внимателни и да изберете алатка која подеднакво добро ќе делува на мозолчињата и на маснотијата.
Овде многу добро можат да помогнат квасецот и јогуртот.
Квасецот е познат по витаминот Б, а важен е и за мозолчињата бидејќи ги вади нечистотиите од порите и ги остава чисти.
Јогуртот, познат по своите пробиотски својства, одлично ја регулира појавата на себум. Затоа овие две работи се магична комбинација во овој случај.
Маската се прави многу лесно. Треба да измешате 1 кесичка квасец со 2 лажици јогурт или уште малку, за да добиете кремаста структура. Ако се прашувате дали може да делува коцка квасец, може, но тогаш треба добро да го испасирате и да направите паста од него и јогуртот.
Исчистете го лицето и нанесете ја маската која можете да ја оставите половина час. Потоа измијте ја со топла вода. Веќе по две апликации, резултатите се видливи. Кожата е помалку мрсна, а митесерите сами паѓаат без притискање или стискање.