ХОРОСКОП ЗА 27-МИ ФЕВРУАРИ: Овните се невнимателни, а Шкорпиите се изложени на непријатности

popara27 февруари, 20231min00
8136c7c1bbf5353f569d2d1173258da1f112efea

Овен

Додека се справувате со неважни проблеми, големите работи се провлекуваат покрај вас. Фокусирани сте на сложеноста на работната средина и не можете да ја видите големата слика. Она што се случува денес е ирелевантно во споредба со она што следува. Чувајте ги силите за наредните денови.

Бик

Се потпирате на ветувањата што ви ги даваат вашите пријатели. Чекањето за исполнување може да ве стави во позиција да им давате изговори на другите луѓе, иако застојот не потекнува од вас. За да го избегнете ова, завршете ги должностите лично и сами.

Близнаци

Полни сте со идеи со кои ја исполнувате вашата околина. Иако сте популарни во општеството, станувате заморни затоа што зборувате премногу. Брзината со која се изразувате пред другите луѓе изгледа како да сте површни, па советот за денес е помалку да зборувате и повеќе да работите.

Рак

Вашиот авторитет е на преден план. Иако уживате кога луѓето ве прашуваат за мислење, понекогаш не сте во такво расположение. Сега е таков момент. Итно ви треба пауза, па не двоумете се, почестете се со одмор за време на кој ќе се раздвижите.

Лав

Се стремите кон слобода, но подобро е да се воздржите бидејќи не е поволен период за бунт. Сè што се очекува од вас завршете го на дисциплиниран начин и навреме, на тој начин ќе избегнете напнати аспекти кои можат да ви го расипат расположението и да ги уништат денешните планови.

Девица

Наједноставните активности, кои вообичаено бараат малку труд, денес се изведуваат со голема тешкотија. Не е лошо да размислувате се да одложите за некој друг ден, бидејќи грч кој нема да успеете да го надминете ќе произведе грешки кои се неприфатливи.

Вага

Се потпирате на други луѓе. Можеби сте премногу уморни и тоа е вистинската причина за вашето повлекување и предавање на судбината. Работите можат непријатно да се искомплицираат ако не преземете одговорност и не ги завршите обврските навреме, дури и ако тоа ви е непријатно.

Шкорпија

Изложени сте на непријатности. Ако продолжите да одбивате да ја прифатите новата ситуација, работите ќе ги влошите. Дополнително, очекувајте компликации со службениците, па советот е се што правите да е законски исправно.

Стрелец

Уморни сте од темпото што ве притиска. Ова е период од годината кога ви треба одмор. Ден поминат со семејството и опуштена атмосфера, тоа е она што би ве развеселило. Мислите дека тоа е невозможно, а заборавате дека недостатокот на избор е само по себе избор.

Јарец

Донесувате крај на многу заостанати работи со кои се мачите веќе некое време. Конечно на повидок е епилогот од нешто на што долго работевте. По долго чекање, чувството на мала победа ве радува, па имате право да си дозволите кратка пауза.

Водолија

Време е за пауза. Запознавањето со пријателите кои во минатото биле дел од вашето секојдневие го подобрува вашето расположение. Изобилството теми и релаксирачки разговори можат да бидат еден вид магична формула за експресно закрепнување од сето она што ве изморувало во минатото.

Риби

Поволен ден за изразување на се што ви лежи на срце на членовите на семејството. Имате шанса да имате конструктивен разговор од кој ќе дознаете детали за кои не сте сонувале. Станува збор за работи кои беа толку очигледни, но не сте ги сфатиле до сега.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma