Ако имате проблем со опаѓање на косата, можеби проблемот е во ХРАНАТА: Исфрлете еден вид на намирници кои го ВЛОШУВААТ овој проблем!

popara28 февруари, 20231min00
01b9ffc16c044a09450bd6cb2d7f086d4579df4f

Опаѓањето на косата може да биде резултат на различни причини – хормонална нерамнотежа, стрес, неправилна исхрана, а лекарот треба да ја утврди точната причина.

Сепак, експертите издвоија еден вид на храна особено што може да го влоши проблемот со проретчената коса, а тоа е мрсната храна.

Храната со висок процент на масти не е добар сојузник ниту за витка линија ниту за здрав кардиоваскуларен систем. Дополнително, студија од 2021 година објавена во списанието Nature покажа дека јадењето на оваа храна, како преработеното месо и пржената храна, исто така може да придонесе за губење на косата.

Овде треба да се забележи дека ова не ги вклучува здравите масти кои се наоѓаат во рибата како лососот, јаткастите плодови и авокадото, кои всушност се добри за нашето тело.

Во одреден временски период, нормално е косата да помине низ процес на зголемено опаѓање:

„Фоликулата на косата природно се движи помеѓу растот и стагнацијата. За време на фазата на раст, матичните клетки на фоликулот на косата се активираат за да ја регенерираат и да го стимулираат растот“, пишува „Science Daily“.

Сепак, експеримент спроведен на глувци сугерираше дека „стресот предизвикан од дебелина, како што е оној предизвикан од исхраната со висока содржина на масти“ може да ги осиромаши матичните клетки на фоликулите на косата и да го наруши нормалниот циклус на раст на косата.

Кога циклусот е нарушен на овој начин, клетките не успеваат да се активираат и нови влакна не растат. Ова доведува до забрзано опаѓање на косата.

Истражувачите од Универзитетот за медицина и стоматологија во Токио дојдоа до истиот заклучок – нездравата исхрана може да го поттикне опаѓањето на косата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag