Зендаја заблеска на црвениот тепих: Промени две модни комбинации и ги воодушеви сите присутни

popara28 февруари, 20231min00
zendaya-9-830x0

Зендаја, главната ѕвезда на серијата „Еуфорија“, најнаградуваната млада ѕвезда на Холивуд, полека го гради својот пат да стане модна икона.

За престижниот настан „SAG“ кој се организираше во неделата вечерта, таа облече две неверојатни комбинации, едната за црвениот тепих, а другата за самото доделување, а не можеме да одлучиме која е подобра.

26-годишната девојка се појави блескава во долг, тесен розов сатенски фустан „Валентино“ кој беше извезен со огромни рози од половината надолу.

Своето суптилно деколте го истакна со дијамантски ѓердан, а на нејзината рака блескаа дијамантска алка и прстен.

Таа во стилот на „златното доба“ на Холивуд носеше косата виткана на страна во меки бранови, а нејзината елегантна убавина уште повеќе дојде до израз.

Подоцна истата вечер, Зендаја се пресоблече во друг заносен сатенски фустан кој подеднакво ја истакна нејзината блескава силуета и беше украсен во три бои: тиркизна, бебешко розова и црна.

Актерката ги промени и додатоците, па првото дијамантско ланче го замени со уште поголемо, а со лесна шминка во пастелни бои уште еднаш докажа дека помалку е повеќе.

Како и секогаш, најголемо внимание привлече успехот на Зендаја и престижните награди за кои беше номинирана.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag