Откријте за кого станува збор!
Тие важат за најголеми нарциси од сите хороскопски знаци, а астрологијата открива зошто.
Овен
Првиот знак на Зодијакот има многу квалитети, но и една огромна маана која ги мачи сите што го познаваат, а тоа е нивниот изразен нарцисизам. Да, здраво е да се сакаш себеси, но да не претеруваш колку си паметен, убав и посебен. Тоа може да ве чини многу пријателства, а нема да ви помогне ниту во љубовта.
Вага
Припадниците на овој знак сакаат убави нешта и убави луѓе и очекуваат се околу нив да биде беспрекорно. Лошото кај нив е што мислат дека и тие припаѓаат на таа „убавина“. Сакаат да привлекуваат внимание и очекуваат посебен третман од луѓето околу нив. Вагите сакаат да зборуваат за своите успеси, па дури и да ги преувеличуваат. Дури и ако сте направиле нешто подобро од нив, тие ќе направат се за да изгледа дека нивното било подобро.
Лав
Лавовите се познати по својата егоцентричност, но и по тоа што не се ни трудат да ја камуфлираат. Се обожаваат себеси, сакаат да бидат во центарот на вниманието.