Миењето завеси изгледа како досадна работа, но кога повторно ќе се закачи измиената, испеглана и миризлива завеса, сигурни сме дека ќе вреди мачењето кое се повторува на неколку месеци во годината. Всушност, во овој текст ќе ви помогнеме да ги измиете вашите завеси што е можно поскоро, но на вистински начин.
Првото нешто што треба да направите е да ги отстраните завесите, па дури потоа да ја исчистите прашината и да ги отстраните пајажините. Внимателно ракувајте со куките и откачете ги една по една, а потоа добро протресете ја завесата надвор или низ прозорецот од куќата.
Исто така, немојте веднаш да ги ставате завесите во машината за перење. За тоа, треба да почекате додека подготовката на просторијата не е при крај.
Доколку завесите не се измиени долго време или забележите дека впиле многу чад од тутун, станале сиви или жолти, прво натопете ги во ладна вода во која сте додале грст сол.
Оставете ги завесите потопени најмалку половина час, а потоа исплакнете ги и продолжете со дополнително миење според материјалот од кој се сошиени.
Видови завеси и нивно перење:
Памучни завеси – можете да ги перете на рака или во машина, идеално на 30 степени, но ако се работи за бели памучни завеси, можете да изберете програма и на 40 степени.
Завеси од маркиз, полиестер или мешавина – можете да ги перете на рака или во машина, на 30 степени, со што помалку вртежи.
Завеси од вискоза – можете да ги перете на рака или во машина на 30 степени.
Завеси од тантела – се мијат рачно, во ладна вода со малку течен детергент, без да се виткаат.
Центрифуга: најдобро е воопшто да не се пушта ова. Центрифугата е добар избор само кога перете памучни завеси и само ако имате машина за сушење. Во тој случај, пеглањето на овие завеси нема да биде толку тешко.
Многу е важно никогаш да не ја полните машината кога миете завеси. Правилото е – една завеса, едно перење. Во преполн барабан, завесите премногу ќе се збрчкаат, па ни пеглањето нема да може да помогне.
Кога ги миете полиестерските завеси, вреди да додадете малку течен скроб во омекнувачот, подобро ќе изгледа ако ги обесите влажни.
Ако ги перете завесите на рака, не ги виткајте премногу. Идеално е кога оваа работа можете да ја работите во дворот, а некои домаќинки откриле дека за ова е идеален мал детски базен! Со цревото плакнењето е лесно и брзо, а кога ќе ги повлечете завесите преку жицата за сушење, тие ќе бидат речиси како да се пеглани! Во последната вода за плакнење, можете да додадете малку алкохолен оцет.