КОИ ГИ БИРАТЕ – ПОЗРЕЛИТЕ ИЛИ ЗЕЛЕНИТЕ БАНАНИ? Некои содржат помалку шеќер и исто така се подобри за цревата!

popara3 март, 20231min00
497437_banana_f

Докторот посочува дека со незрела зелена банана добивате различни полу-сварливи јаглехидрати, кои можат да бидат добри за здравјето на цревата.

Кога станува збор за бананите, луѓето главно не обрнуваат многу внимание на тоа дали се зрели или не, туку ги избираат по сопствен вкус.

Сепак, истражувањата покажаа дека постои разлика во придобивките што ги добиваме од бананите, во зависност од тоа дали се позелени или позрели.

Нутриционистот д-р Дуан Мелор и докторката Дебра Вилијам објаснија кога е најдобро време за јадење банани, кому можат да му наштетат и на кого можат да помогнат. Д-р Дебра истакна дека не се менуваат само вкусот и текстурата со созревањето на овошјето, туку се менува и нивниот нутритивен состав – со текот на времето имаат се повеќе шеќер!

– Како и другите овошја, за време на зреењето бананите го разградуваат скробот на едноставни шеќери, како што се сахароза, гликоза и фруктоза. Тие полесно се апсорбираат во крвотокот, што може да предизвика скок на нивото на шеќер во крвта – вели таа.

– И токму тоа ги прави бананите совршена закуска за оние кои бараат брз извор на енергија, како што се спортистите или оние кои се занимаваат со физичка активност – забележува д-р Мелор и додава дека овој „вишок“ шеќер може да биде проблем за оние со дијабетес. Затоа за дијабетичарите најдобро е да јадат незрели банани.

Кога станува збор за содржината на минерали, зелените банани содржат слично количество калиум како и зрелите, но содржат повеќе влакна и отпорен скроб – јаглени хидрати кои ги хранат добрите бактерии во цревата.

– Со незрела зелена банана ќе добиете разни полу-сварливи јаглехидрати, кои можат да бидат добри за здравјето на цревата – вели д-р Мелор, додавајќи дека за здравјето е многу важно да се консумираат разновидни овошја и зеленчуци. Исто така, се препорачува избегнување на премногу слатко и многу зрело тропско овошје поради нивната висока содржина на шеќер.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma