Ако сакате сјајна, здрава, бујна коса која изгледа како штотуку да сте излегле од салонот: Следете ги овие ПЕТ ЕДНОСТАВНИ СОВЕТИ

popara4 март, 20231min00
f9252c9a1df3285db498110925c6b028746e9f51

Едноставни совети што можете да ги примените

Сигурно сте забележале дека се чувствувате многу подобро и имате поголема самодоверба кога сте задоволни со вашиот стајлинг и фризура.

Затоа многу дами избираат да одат на фризер еднаш или двапати неделно барем на фенирање за да им изгледа косата секогаш чиста, уредна и убаво обликувана, но ако не можете често да си дозволите вакви третмани, еве што треба знаете кога ја миете косата дома.

Пет совети за миење на косата

Козметичарите и стилистите за коса открија неколку важни правила кои ќе ви помогнат секогаш да имате убава, негувана и совршено обликувана фризура. Има огромен број на трикови и совети кои ќе ги најдете на социјалните мрежи, но имајте на ум дека не се сите ефективни.

Чешлање

Постои мислење дека не треба да ја чешлате косата пред миење, бидејќи балсамите или другите козметички производи сами ќе ја расплетаат косата. Меѓутоа, професионалните фризери го тврдат спротивното. Всушност, четкањето е еден од важните чекори кои никогаш не треба да ги прескокнувате.

Температура на водата

Експертите истакнуваат дека за време на миењето, водата треба да се прилагоди на пријатна температура, да не биде ниту топла ниту ладна, бидејќи може да предизвика иритација на скалпот. Оптималната температура не треба да биде повисока од 40 степени.

Шампон

Користете шампон кој одговара на структурата на вашата коса. По нанесувањето, добро исплакнете го, па повторно нанесете шампон и нежно, масирајте ја главата, втријте го шампонот во коренот на косата.

Прашањето за кое многумина не се согласуваат е дали е подобро да ја измиете косата еднаш или двапати со шампон, а експертите забележуваат дека втората опција е далеку подобра. Со првото миење ќе ја отстраните целата нечистотија и маснотии од косата, а со второто длабински ќе го исчистите скалпот.

Препарати за хранење и омекнување

По миењето со шампон, мора да користите балзам, регенератор или маска. Со нивна помош подобро ќе ја расплеткате косата, ќе ја нахраните и ќе и дадете здрав сјај.

Пешкир

Кога ќе завршите со миење, кондиционирање и плакнење, завиткајте ја косата во свилена или памучна крпа. Ако немате ништо од овие, можете да користите стара памучна маичка. Експертите напоменуваат дека е подобро да се избегнува користење на пешкир (кој го користат апсолутно сите), бидејќи може да ја оштети косата и драстично да ја исуши.

Експертите забележуваат дека косата треба да ја миете само кога е нечиста!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma