Можни се иритации, но и други проблеми
Не постојат строги правила за тоа колку често треба да ја миеме косата, сето тоа се сведува на тоа дека сите знаете што најмногу ви одговара. Меѓутоа, што ќе се случи ако не ja измиеме една недела?
Повеќето од нас ја мијат косата на неколку дена или двапати неделно, што може да биде добро за некои типови коса.
Доколку се држите до рутината за често миење на косата, можеби ќе се запрашате што би се случило ако го прескокнете миењето една недела… Интересни одговори дава доктор Стивен Лајн, козметолог и претставник на Американското здружение за козметологија. Тој наведува дека има и добри и лоши последици од оваа одлука, во зависност од тоа каков скалп и коса имате.
„Општо земено, најдобро е да ги „слушате“ темeтo и косата и да ги миете кога ќе почувствувате потреба“. За некои тоа може да значи секој ден, за други секоја недела“. Тој откри и што може да очекувате ако одлучите да не ја миете косата 7 дена.
Природното масло ќе ја нахрани косата
Првото нешто што ќе го забележите е зголеменото количество на масло на вашата коса, а бидејќи не сте ја измиле подолго време, косата имала шанса да ги произведе тие природни масла. „Тие можат да ја нахранат косата и да и обезбедат влага, па ќе изгледа посјајно и поздраво“, вели тој. Како резултат на тоа, ќе забележите некои промени во текстурата на косата – што може да биде благослов или проклетство – во зависност од типот на вашата коса. Ако имате брановидна коса, прескокнувањето на миењето може да помогне, бидејќи ќе ја зајакне природната текстура на косата. Но, ако имате мрсен скалп и коса, наталожувањето на маснотии може само да ги влоши работите.
Влакното може да стане посилно
Косата пука од повеќе причини, поради топлина, исхрана, стрес, но и здравствени проблеми… Лајн наведува дека честото миење на косата може да биде дополнителна причина. „Доколку често ја миете, ја лишувате кожата од природните масла, па таа ќе биде сува, а косата склона кон кршење. Ако го правите ова ретко, вишокот маснотии на вашата коса може да спречи кршење.
Може да се појават иритации
Сепак, за повеќето луѓе, избегнувањето на миење на косата една недела има негативни последици.
„Ако не ја измиете косата, таа и скалпот ќе акумулираат маснотии, нечистотија и мртви клетки. Ова може да доведе до иритација на скалпот придружена со чешање или првут“, вели докторот. Тој додава дека може да дојде до прекумерна репродукција на бактерии или габи доколку косата е влажна и на неа има остатоци од мртви клетки – инфекции, непријатен мирис, а интересно е што опаѓањето на косата може да биде последица и на ретко миење на косата.