Сакате да бидете здрави и витки? Избегнувајте ја оваа храна за појадок

popara5 март, 20231min00
649596_shutterstock-1591532698_f

Еве за која храна станува збор

Појадокот е најздравиот оброк во денот. Со него го активираме телото и го подготвуваме за напорните часови кои ни претстојат, поради што треба да ги избегнувате овие намирници.

Овошни сокови и јогурти

Иако на нив пишува дека се 100% природни, овошните сокови купени во продавница се полни со шеќер и адитиви. Овој вид на пијалок веднаш ќе ви даде енергија, но и многу брзо ќе ви ја одземе. Исто така, соковите купени во продавница немаат голема хранлива вредност. Наместо тоа, посегнете по вистинско овошје кое содржи и влакна потребни за регулирање на варењето и збогатете го со лажица житарки. Истото важи и за овошните јогурти, затоа изберете незасладен пробиотик засилен со парче тост леб и мармалад.

Пекарски производи

Пецива, крофни и вкусни кифлички од тесто кои ги купуваме во пекара се многу вкусни и заситувачки, но и овие производи често содржат големи количини на адитиви, сол и шеќер, што не е добра комбинација за почеток на денот. Солените пецива ја задржуваат водата во организмот, а лиснатото тесто е масно, тешко сварливо и сиромашно со хранливи вредности кои му се потребни на вашето тело за нормална работа. Доколку сте љубители на печива, одберете го она од интегрални житарки и премачкајте го со млечен намаз или путер и мармалад.

Ѕидарски“ појадок

Ѕидарскиот појадок вклучува масна, тешка и висококалорична храна како јајца, бел леб или масна салама зачинета со мајонез или слични намази. Освен ако не работите тешка физичка работа, на вашето тело навистина не му е потребен ваков појадок и ќе му треба долго време да го свари. Големи количини на нездрави масти ќе завршат во форма на масно ткиво, а вашето тело нема да ги добие сите витамини, минерали и влакна што му се потребни. Ако сакате да јадете јајце наутро, најдобро би било да го сварите и да го искомбинирате со парче тост, леб и чај.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma