Траен знак за љубов кон синот: Карди Би ја покажа исклучително храбрата тетоважа на нејзиното лице

popara6 март, 20231min00
o_28175717_1280

Раперката Карди Би ја покажа својата најнова тетоважа со објава на социјалните мрежи. Фотографијата откри дека истетовирала име на лицето со црвено мастило. Музичарката решила да го истетовира името на својот син – Wave, што во превод би значело бран. „Ја обожавам тетоважата на моето лице“, напиша Карди Б со емоџи со срце.

Фотографијата што ја објави всушност е дел од заедничката фотографија на која позира со сопругот Офсет, а која ја снимија за кампања за синџир за брза храна, пред Денот на вљубените. Облечени во свечена облека, парот славеше на вечера со помфрит, хамбургери и сокови. Но, сега Карди ја зголемила фотографијата за да може јасно да се види што пишува на нејзиното лице, а открила и дека тоа е траен украс, а не само краткотрајна верзија за сликата.

image

Следбениците и обожавателите веднаш го пофалија и гламурозното издание и тетоважата, заклучувајќи дека новата тетоважа на нејзиното лице навистина и прилега. Карди Би е во врска со раперот Офсет од 2017 година и имаат две деца: во јули 2018 година ја добија ќерката Kulture, а во септември 2021 година синот Wave.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma