„ЌЕ СЕ ОЖЕНЕВ ЗА НЕА АКО НЕ БЕВ ВЕЌЕ МАЖЕНА“, Анџелина се заљубила во оваа жена на прв поглед и со неа открила непозната страна за себе

popara7 март, 20231min00
48df606841eff870650f7d16cfe755a2c5e46e36

Љубовта започнала во деведесеттите и траела неколку години

Анџелина Џоли и Џени Шимицу се запознале на снимањето на филмот „Foxfire “ во 1996 година.

“Веројатно ќе се омажев за неа ако не бев мажена. Се заљубив во неа веднаш штом ја видов”, изјавила Анџелина во 1997 година во една прилика, додавајќи дека Џени успеала да и ја украде главната улога во овој филм затоа што била извонредна.

Во разговорот со Барбара Волтерс во 2014 година, Анџелина зборуваше за таа врска: „Бев изненадена, одеднаш ми се појавија чувствата што претходно ги имав кон мажите. Сакав да ја бакнам, да ја допрам“.

Во времето на таа романса, таа била во брак со Џони Ли Милер, со кого се омажи во 1996 година и се разведе три години подоцна. Анџелина потоа се омажи за Били Боб Торнтон во 2000 година, а тој брак траеше неколку години, до 2003. Нејзиниот брак со Бред Пит официјално траеше од 2014 до 2019 година.

Мишел Хантер, која на јавноста и е позната како моден гуру, во 2014 година и рекла „Да“ на Џени Шимицу, пишува „thelist.com“.

„Енџи и јас имаме богата историја. А бидејќи таа и Бред се во брак, сфатив дека нема ништо лошо во тоа да ја поканам на мојата свадба, иако знаев дека веројатно е премногу зафатена за да дојде“, изјави Џени за „US Weekly“, а по свадба таа рече: „Не дека сакав да ме испрати до олтарот или нешто слично, но би било супер ако дојдеше“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma