Средството за чистење на прозори и огледала подготвено во домашни услови е одлична замена за средствата кои се продаваат по продавниците…
Откога еднаш ќе го пробате повеќе нема да имате потреба да купувате средство за чистење на стаклени површини:
За подготовка на ова средство потребно ви е:
- ½ кафена лажичка детергент за миење садови или течен сапун
- 3 супени лажици од 9% алкохолен оцет
- 400 мл вода
Начин на подготовка:
Оцетот и течниот детергент растворете ги во водата. Состојките добро промешајте ги и истурете ги во празен распрскувач.
Совет плус: Ако на чистите прозорци се појават дамки од раце, можете лесно да ги отстраните со истуткан весник. Бришете го стаклото со кружни движења, додека прозорците не се исушат.