Понеделничката вечер во Лондон беше резервирана за премиерата на филмот „John Wick: Chapter 4“, а листата на познати личности ја предводеше актерот Кијану Ривс, кој ја толкува главната улога во филмот.
Омилениот актер, или како што го нарекуваат добриот дух на Холивуд, на црвениот тепих пристигна во темнозелен кадифено одело, кое е еден од омилените материјали на многумина во постудениот дел од годината, а повремено се појавува и на црвените килими.
Ривс го комплетираше изданието со малку посветла зелена кошула и вратоврска. Кошулата имаше џебови со лепенка со копчиња на предната страна. Што се однесува до обувките, тој се одлучи за кафени чевли и облече кафен плетен појас.
Инаку, помина речиси една деценија од првиот филм за Џон Вик, кој тргнува во крвав поход откако ќе биде убиено неговото сакано куче. Во најновиот филм, Џон се бори за живот обидувајќи се да ја урне организацијата позната како „High Table“. Речиси тричасовниот филм сигурно ќе привлече мноштво обожаватели во кината, каде што пристигнува на 24 март.