Силната привлечност и фасцинацијата со личноста со која сте почнале да излегувате не е невообичаена во раните фази на емотивната врска.
Но, иако на некој му е тешко да признае дека е заљубен, за некој друг е како „добро утро“ да го каже познатото „те сакам“ веќе во првите денови или недели од запознавањето.
Според астролозите, постојат луѓе кои лесно ќе му искажат љубов на партнерот, а родени се во четири хороскопски знаци.
1. Овен
Родените во овој огнен знак се импулсивни и често реагираат „на прв поглед“, па кога некој ќе им го привлече вниманието, тие се способни да се заљубат „преку ноќ“.
Исто така, не им е проблем да се изјаснат за љубов уште во првите денови од врската, без да размислуваат за последиците од таа изјава.
2. Рак
Ако ви се допаѓа личност родена во знакот Рак, постојат сите шанси веќе во првите денови од врската да слушнете дека вашата сакана е заљубена во вас и ве сака неизмерно.
Романтичните Ракови веруваат дека тоа ќе ве направи уште повеќе приврзани за нив.
3. Вага
Со оглед на тоа дека луѓето родени во овој воздушен знак се познати по тоа што лесно ја пронаоѓаат љубовта, не им е тешко да кажат гласно што чувствуваат кон личноста со која започнале емотивна врска.
Точно, некои Ваги можат да го направат тоа на првиот ден од врската, а некои по две или три недели; сами ќе проценат кога е вистинскиот момент да ви кажат што посакувате.
Сепак, немојте да се чудите ако го направат ова на првиот или вториот состанок – Вагите се полни со изненадувања.
4. Риба
Луѓето родени под овој воден знак имаат тенденција да се заљубуваат „на прв поглед“. Покрај тоа, тие често носат „розови очила“, набљудувајќи ги сите луѓе околу нив низ најубавата можна призма, иако многумина не го заслужуваат тоа.
Кога ќе се заљубат, Рибите ја идеализираат личноста што ја сакаат, избегнувајќи да ја видат „другата страна на паричката“. Затоа не им е тешко на почетокот на врската да кажат дека се заљубени и дека сакаат, но проблем им е да се соочат со карактеристиките на саканата личност кои не им се допаѓаат.
Исто така, избрзаното признавање на љубовта кон друга личност може да предизвика чувство на притисок, па Рибите често завршуваат со скршено срце.