Џони Деп, како што стојат работите, се враќа на патеките на старата слава. Овој пат тој финансиски се збогатил за само пет дена од продажбата на негови уметнички принтови во ограничено издание од Боб Марли, писателот Хантер С. Томпсон, Хит Леџер и Ривер Феникс, пишува Дејли Меил.
Втората изложба од својата колекција наречена „Пријатели и херои“ ја стави на продажба во Велика Британија во галеријата за ликовни уметности Castle.
Портпаролот на актерот наведува дека сликите се распродале за само 5 дена. Деп ги нарече Марли, Томпсон, Леџер и Феникс легенди кои оставиле свој белег врз него.
Според извештаите, Џони заработил девет милиони фунти од неговите слики во последните седум месеци.
„Со години, навистина останав само на мојата дневна работа во филмскиот бизнис, иако секогаш имав потреба да избегам на празно парче хартија, без разлика дали тоа беше пишување, цртање или сликање на празно платно“, рече Деп, додавајќи:
„Да се занимавам со нешто за прв пат без никаква идеја за тоа што ќе започнам длабоко ме исполнува. Трогателно е да се види дека луѓето кои ги гледаат работите што ги направив за прв пат реагираат толку позитивно. “, изјави актерот.