Откако ја изневери пејачката Шакира, фудбалерот Жерар Пике продолжува да ги полни весниците на светските медиуми, а овој пат се најде во центарот на скандал поради обидот да удри новинар со својот автомобил.
Неодамна се обиде да го прегази новинарот Жорди Мартин со својот автомобил, поради прашање за бившата.
Имено, новинарот го замолил да ја прокоментира новата песна на Шакира, која таа ја посветила и на нејзиниот поранешен партнер.
Новинарот открил дека Жерар Пике пристигнал во семејниот дом на неговите родители со новата девојка Клара Чиа Марта, но не сакал да одговори на новинарските прашања.
Мартин вели дека Пике само се смеел на се и продолжил по својот пат. Сепак, неколку моменти подоцна фудбалерот ја напуштил куќата на своите родители, а на негово место се уште бил Мартин. Кога го видел, Пике забрзал и за малку ќе го прегазил.
– Денеска поминав низ непријатна епизода со Жерар Пике и Клара Чиа, за малку ќе бев прегазен – изјави Мартин за шпанското шоу „El Gordo i La Flaku“.
Како тоа да не е доволно, новинарот посочи дека добил неколку закани од автомобилот.
– Кога излегоа, Пике толку многу го забрза автомобилот што за малку ќе ме прегазеше – додаде тој.
– Нешто подоцна поминавме по патот и двајцата ми се смееја, ме навредуваа и правеа непристојни знаци – објасни новинарот.
Сепак, драмата не заврши тука, бидејќи Мартин откри дека Пике го добил неговиот телефонски број и му се заканувал.
– Пике го доби мојот телефонски број, па дури и ми се јави и ми рече дека ќе умрам, патем, тоа не е прв пат – рече тој.