3 МАЛИ РАБОТИ што можете да ги правите секоја вечер за да изгубите повеќе килограми!

popara8 март, 20231min00
310037_diejta_f

Нутриционистот Мајк Бол истакнува дека тајмингот на вашиот последен оброк, како и кога вежбате, може да влијае на слабеењето.

Иако нема сомнеж дека контролирањето на внесот на калории е клучно кога станува збор за слабеењето, постојат некои работи кои исто така можат да го забрзаат или успорат процесот на слабеење.

Нутриционистот и тренер Мајк Бол за „EatThis“ откри три мали, но важни работи што можете да ги правите секоја вечер, а кои ќе ви помогнат да ја постигнете целта кога станува збор за слабеењето:

Ако сакате да изгубите повеќе килограми, не јадете предоцна

– Веројатно сте слушнале за овој популарен совет и претходно, а всушност е малку контроверзен. Без оглед на тоа во кое време јадете, вашето тело треба да ги обработува калориите на ист начин. Меѓутоа, луѓето кои имаат тенденција да јадат подоцна во текот на ноќта, исто така, имаат тенденција да јадат храна која е покалорична или можеби не јадат затоа што се гладни, туку затоа што им е досадно, вели Бол, додавајќи:

– Избегнувањето јадење доцна навечер пред спиење е добар начин да избегнете внесување на дополнителни калории кои навистина не ви се потребни.

Ако сакате ужина пред спиење, погрижете се да биде со казеин протеин

Немојте да бидете премногу шокирани кога ќе слушнете дека постои исклучок од ставката број 1. Ако сте расположени за ужина пред спиење, погрижете се да содржи казеин протеин, како што се млечните производи.

– Казеинот се вари побавно, па ужината пред спиење може да му даде на вашето тело протеини, кои може да ги користи во текот на ноќта, за поправка и изградба на мускулите – објаснува д-р Бол.

Вежбајте – но во вистинско време.

Ако вежбате премногу блиску до времето за спиење, може да имате проблем да заспиете. Но, д-р Бол вели дека човечкото тело продолжува да согорува калории после тренинотг.

– Значи, ако правилно го темпирате вашето вежбање (како доцна попладневно вежбање или вечерна прошетка), ќе продолжите да согорувате дополнителни калории додека спиете – додава тој.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag