ПИПЕРКИ ВО ПАВЛАКА! Старински рецепт за совршен прилог

popara8 март, 20231min00
672096_paprike-u-pavlaci_f

Пиперката во павлака е совршен прилог за вашата маса. Брзо и лесно се подготвува, а за подобар вкус ви се потребни сомборски пиперки.

Состојки:

– 1 кг пиперки (задолжително сомборски)

– 1,5 кг павлака

– 300 гр фета сирење

– сол

Подготовка:

Измијте ги пиперките, извадете ги семките и исушете ги. Во секоја пиперка ставете половина лажичка сол и оставете да отстои еден час. После тоа превртете ги за да излезе течноста што ја испушта пиперката. Во павлаката додадете го фета сирењето и мешајте додека смесата не се соедини.

На дното на садот во кој ќе ги наредите пиперките, прво ставете 2 прста од смесата што сте ја направиле, а потоа наредете ги пиперките. После секој слој пиперки се става слој од смесата, а последниот слој треба да биде 2 прста павлака и фета сирење. Добро затворете ги пиперките и чувајте ги во фрижидер една недела.

Пријатно!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag