После 25 години пронајден е таен рецепт за гел кој решава многу проблеми поврзани со кожата. Рецептот го имале и го приготвувале козметичарите од клиниката на Кремљ за сопругите на тогашните членови на владата.
Сите сме добро запознати со неверојатните предности на растението алое вера и кокосовото масло и како делуваат за здравјето на кожата. Меѓутоа, малкумина знаат дека при комбинација на овие две компоненти добивате целосно нова и единствена формула која има неверојатни особини и може драстично да го подобри здравјето на вашата кожа.
Едно од својствата на оваа магична комбинација е дека тоа е совршено решение за брзо отстранување на стриите од кожата.
Приготвувањето на овој гел е неверојатно лесно, а алое вера и кокосовото масло се често користени во козметиката и фармацијата, а двете состојки се лесно достапни за сите.
Билката Алое вера е многу ефикасна во третирањето на изгореници и иритации на кожата, ги ублажува алергиските реакции на кожа, помага во отстранување на стрии, брчки и црвенило, ја подмладува и хидрира кожата.
Кокосовото масло совршено ја хидрира и негува кожата, има антибактериско и антигабично својство.
РЕЦЕПТ
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 100г алое вера (потребен ви е баш гелот, а не сокот, можете да го купите во подобро снабдени аптеки, ако го немате кактусот)
- 100г органско кокосово масло во цврста состојба
- Неколку капки есенцијално масло по желба (ванила, ружа, лаванда)
ПОСТАПКА:
Ставете алое вера и кокосово масло во сад и темелно мешајте околу 5 минути, се додека смесата да стане целосно изедначена и компактна.
Додадете неколку капки есенцијално масло и промешајте.
Ставете го гелот во чист стаклен сад со соодветен капак и чувајте на собна температура.
ПРИМЕНА:
Нанесете на кожа двапати дневно. Најдобро е после туширање бидејќи порите тогаш се отворени и кожата полесно ги апсорбира сите корисни супстанции.