Проблемите со сонот погодуваат речиси половина од светската популација, а дека овој проблем не е воопшто наивен покажале и многу студии. Еве како недостатокот на сон влијае врз нашиот организам.
- Мозокот кој спие е активен
Додека спиете, вашиот мозок е активен. Магазинот Current Biology објавил студија во која се тврди дека мозокот, додека спиеме, обработува комплексни информации и дури се подготвува за некои идни настани и прави простор во меморијата за нови сеќавања.
- Спиењето е важно за здравјето
Недостатокот на сон може да има многу негативни последици по здравјето. Од срцеви болести, до депресија, дебелеење, дијабетес, висок крвен притисок, а се поврзува и со зголемен холестерол.
- Вашиот мозок има биолошки часовник
Постои биолошки часовник во вашиот мозок кој го контролира вашиот 24-часовен ритам на спиење и будност, а невронаучниците од Универзитетот Вандервилт неодамна пронашле начин да манипулираат со него.
Со стимулација на мал регион во мозокот кој го содржи биолошкиот часовник, истражувачите успеале да го менуваат ритамот на сон и на активностите кај глувци, така што во одредено време оние кои обично тогаш заспивале е будат и обратно. Откритието би можело да отвори пат за поефикасни третмани за пореметувања во спиењето, уморот и негативното влијание врз здравјето од работа во смени.
- Телефоните влијаат на лош сон
Ако сакате да се наспиете, држете ги сите уреди надвор од спалната соба. Тоа е заклучокот од ново истражување за ефектите на паметните телефони врз квалитетот на сонот. Една од четири личности од 18 до 24 години вели дека не спие како порано поради технологијата, според една анкета од 2012 година. Студија на клиниката Мајо од 2013 година покажа дека светлоста која ја емитуваат смарт-телефоните и таблетите може да го попречи производството на мелатонин, хормон кој игра важна улога во циклусите на будност и активност. И минатата година, истражување на државниот Универзитет во Мичиген откри дека луѓето кои редовно ги користат своите смартфони по 9 часот навечер се уморни и помалку ангажирани на работата наредниот ден.
- Недостатокот на сон влијае врз нашите одлуки
Како што не би требало да пливате после јадење, не би требало да донесувате големи одлуки после непроспиена ноќ. Голем број истражувања откриле дека непроспиената ноќ влијае врз нашата можност за спознавање и тоа на начин кој влијае на нашата можност за расудување и можност за донесување одлуки. Студија од 2007 година покажа дека недостатокот на сон влијае на способноста за донесување одлуки така што ги зголемува очекувањата и ја намалува можноста за проценка на загубите.
- Работата во смени може да го наруши сонот
Работните места кои го нарушуваат вашиот природен распоред на спиење, како што е работа во смени, може да предизвика многу проблеми. Пореметувањето на сонот предизвикано од работа во смени е препознато како официјална медицинска состојба од која патат околу 20 проценти од популацијата во САД. Дури и оние кои работат во смени, а немаат проблем со спиењето, имаат поголем ризик од разболување од срцеви болести, дијабетес и депресија.