Станува збор за јога поза
Ако сакате да спиете подобро, можеби ќе ви помогне оваа едноставна вежба. Една студија од Харвард покажа дека испитаниците кои вежбале јога осум недели спијат подобро и подолго од оние кои не вежбале.
Ако не сте тип за јога, може да ви помогне само една вежба.
Станува збор за вежбата Випарита Карани. Доволно е само да легнете и да ги ставите нозете на ѕид. Оваа вежба е одлична за опуштање на телото.
Ако сте во можност да го опуштите вашиот ум, ќе ви биде полесно да го опуштите и телото.
Станува збор за јога поза позната како „Випарита Карани“ која ја подобрува циркулацијата и го става парасимпатичкиот нервен систем во состојба на мирување. Кога ја изведувате оваа поза, внимавајте спалната соба да биде темна и ладна. Легнете, ставете ги стапалата на ѕид и дишете полека десет минути.
Ако можете, останете така 20 минути, но и по 10 можете да престанете да го правите тоа.
Оваа поза го регулира протокот на крв низ телото, добра е за проблеми со отечени зглобови, одлична е за несоница, го смирува умот и помага при благи форми на депресија.