ВАКА СЕ ОДНЕСУВА МАЖОТ ПРЕД ПРЕЉУБАТА! Обрнете внимание на овие седум знаци

popara8 март, 20231min00
672177_ljubav_f

Експертите велат дека пред мажот да ве изневери, од неговото однесување можете да „прочитате“ дека ќе го направи тоа.

Еве на кои сигнали треба да обрнете внимание:

Постојано започнува расправии

Ако забележите дека вашиот партнер е наеднаш понервозен од вообичаено, постојано почнува да се кара за работи кои претходно не биле ни тема на разговор меѓу вас, отворете ги очите.

Експертите велат дека мажите пред изневерувањето се однесуваат вака несвесно бидејќи се обидуваат да создадат непријатна и лоша атмосфера во врската, за полесно да си заминат.

Секогаш го носи телефонот со себе

Ако вашиот партнер секогаш го носи телефонот со себе насекаде, ја напушта просторијата за да се јави на телефон или на секој начин се труди да не ги гледате пораките што ги пишува, можно е за тоа да е виновна друга жена.

Работата е логична – луѓе кои немаат што да сокријат, не се трудат нешто да сокријат!

Веќе немате односи или тие се поретки од порано

Сексот секако не е најважниот дел од врската, но го покажува нивото на поврзаност и интимност меѓу партнерите. Па, ако порано сте имале одличен и редовен секс, а сега едвај имате секс или ви е екстремно досадно во кревет, тоа е лош знак. Уште полош знак е ако не зборувате за тоа и не се обидете да го „поправите“ бидејќи тоа ги зголемува шансите да бара забава во кревет на друго место.

Ве обвинува за се

Партнерот со своето однесување се обидува да ве направи „луда“, параноична, тврди дека не му верувате доволно, а сето тоа всушност за да испадне дека го напаѓате и дека тој е жртвата во целата приказна.

Мистериозен е во врска со времето што не го поминувате заедно

Кога мажот ве сака, тој сака да ви каже како го поминал времето кога сте биле физички разделени. Вие сте негов партнер и тој само сака да ве направи дел од неговиот живот на тој начин, но кога работите не се во ред меѓу вас, тој ќе биде таинствен за времето што не го поминувате заедно – нема да сака да ви даде какви било детали, за да не се заплетка во приказната и да се издаде, или уште полошо, ќе го нервира што воопшто го прашувате за тоа каде бил и што правел.

Ви признал дека изневерувал во претходните врски

Една од работите која ја прават машите што изневеруваат е да зборуваат за тоа како ги изневерувале своите претходни партнерки. Немале храброст да ја прекинат врската, па ја изневерувале девојката за да им раскине, а тоа обично не се случувало само еднаш. Причината зошто мажите го прават ова е потсвесно да го подготват теренот бидејќи подоцна можат да кажат „па, знаеше каков сум уште од почетокот“.

Вашата интуиција ви кажува дека нешто не е во ред

Верувајте им на вашите чувства затоа што ако се чини дека нешто не е во ред меѓу вас, веројатно не е. Отворено разговарајте со партнерот за тоа и обидете се да го решите проблемот пред да се случи изневерувањето.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag