Шехерезада тортата е еден од најдобрите десерти без печење.
Состојки:
2 пакувања турски бисквити
5 кесички пудинг од карамела (една кесичка е 40 грама)
1.700 мл млеко + 400 мл за шлаг
250 гр путер или маргарин
200 гр шеќер
300 гр шлаг со вкус на слатка павлака
500 мл слатка павлака (за премачкување на тортата)
Подготовка:
Запржете го шеќерот и додадете млеко. Оставете малку млеко да се промеша пудингот (околу 300-400 мл). Варете додека не се растопи карамелизираниот шеќер.
Во млекото сварете го пудингот што сте го промешале. Извадете го филот од шпоретот и оставете го да се излади.
Изматете го путерот или маргаринот и со миксер измешајте го во пудингот кој претходно сте го изматиле со миксер. Изматете го шлагот со 400 мл ладно млеко.
Филувајте: бисквити, фил, шлаг, бисквити, фил, шлаг, бисквити, фил, шлаг, бисквити, фил и изматена слатка павлака.
Оставете го колачот да се стегне пред да го послужите.
Пријатно!