Го намалува холестеролот и ги отстранува токсините, но ЦВЕКЛОТО не смеете да го комбинирате со ОВАА НАМИРНИЦА бидејќи е штетно за срцето

popara9 март, 20231min00
shutterstock_451081120

Благодарение на антиоксидансите, редовното консумирање свежо цвекло ги отстранува токсините од телото и го намалува холестеролот. Покрај тоа, овој зеленчук помага за нормализирање на менструалниот циклус, зајакнување на коските и зглобовите, подобрување на активноста на кардиоваскуларниот систем, обновување на клетките на црниот дроб, подобрување на видот…

Сепак, рускиот лекар Михаил Кутушов предупредува дека цвеклото во некои случаи може да биде штетно.

„Поради големото количество на хлор во составот, прекумерното консумирање на цвекло може да предизвика иритација на слузокожата, пецкање и воспаление на грлото. Ако чувството на печење не исчезне подолго време, тоа значи дека дошло до алергиска реакција. Може да се појават осип, отекување на органите за дишење, зголемување на лимфните јазли, дури и треска“, рече тој и посочи во која комбинација е особено штетно, пренесуваат медиумите.

„Подобро е да се воздржите од омилената салата на сите: цвекло со лук и мајонез. За штетноста на сосот овде нема да зборувам, многу се пишувало за тоа, но комбинацијата на цвекло и лук е доста опасна, бидејќи значително го зголемува оптоварувањето на срцето“, тврди д-р Кутушов.

Тој посочи дека со внесот на цвекло треба да внимаваат лицата кои боледуваат од тешки заболувања на гастроинтестиналниот тракт, откажување на бубрезите и камења во бубрегот, како и оние кои се склони кон дијареа. Исто така, цвеклото треба да го консумираат во умерени количини и лицата со низок притисок бидејќи тоа влијае на намалување на крвниот притисок.

Цвекло за здравје: Сурово или варено?

За време на термичката обработка, повеќето овошја и зеленчуци губат витамини и корисни својства, а цвеклото не е исклучок: за време на процесот на готвење, количината на витамин Ц, како и Б5 и Б9, се намалува речиси на нула. Свежото цвекло има помалку калории и малку помалку прости јаглехидрати, па оние кои се грижат за линијата треба да ја изберат оваа опција.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma