Подобар тен и регулиран притисок се само дел од ефектите
Сигурно сте слушнале дека водата (по можност топла) со лимон, доколку ја пиете на празен стомак, може да го забрза метаболизмот и да ви помогне да ослабете.
Покрај тоа, лимонот помага да се алкализира телото и да се врати рамнотежата на pH во него.
Дали е навистина така и што всушност се случува ако го пиете овој ароматичен „пијалок“ 30 дена, откри нутриционистот Џордан Пауерс Вилард.
Како што истакнува, водата со лимон може многу да помогне за здравјето, но и за убавината. Така таа спровела 30-дневен експеримент во кој непрекинато го пиела овој пијалок еден месец, а резултатите ги објавила во колумна на веб-страницата „Eat This Not That!“.
Нутриционистката открила дека пиела 8-12 шолји вода со лимон дневно, додавајќи по 30 милилитри сок од лимон, како и пулпата и исечената кора. По еден месец забележала дека косата, ноктите и кожата и се зацврстиле и и станале поздрави.
Покрај тоа, секојдневната употреба на овој пијалок влијаела и на кожата на Џордан, нејзината состојба драстично се подобрила. Тенот и станал значително помазен, осипот на лицето исчезнал дури и во предменструалниот период, кога хормоните „дивеат“.
Исто така, во текот на целиот месец, крвниот притисок и бил во границите на нормалата, а ноќните грчеви во мускулите на нозете исчезнале.
Уште една позитивна страна на пиењето вода со лимон била таа што научила да го контролира апетитот и симптомите на ПМС биле ублажени.