Кромидот е растение кое потекнува од Европа, Северна Америка и делови од Азија, но денес е многу популарен во целиот свет, бидејќи стана многу популарен додаток на многу јадења.
Овој вкусен и нежен вид на кромид е богат со вредни хранливи материи и ни нуди бројни здравствени придобивки, а ние одбравме четири за вас.
1. Може да го подобри здравјето на срцето
Едно од најважните органски соединенија кои се наоѓаат во лукот е алицин, кој е поврзан со намаленото ниво на „лошиот“ холестерол во телото и подобрување на здравјето на срцето. Алицинот е поврзан и со намалување на крвниот притисок.
Друго органско соединение кое може да се најде во лукот е кверцетинот, а тој е директно поврзан со намалувањето на нивото на холестерол и наслагите во артериите.
2. Го зајакнува имунитетот
Високото ниво на витамин Ц во лукот може да помогне во зајакнувањето на ефикасноста на имунолошкиот систем преку стимулирање на производството на бели крвни зрнца; исто така, го стимулира производството на колаген, кој е суштинска компонента во создавањето на нови крвни садови, клетки, ткива и мускули.
3. Влијае на коските
Има широк спектар на витамини и минерали кои се наоѓаат во лукот, но еден од најважните секако е витаминот К, задолжителен во исхраната, кој не е толку распространет во вообичаената храна. Витаминот К е многу важен за одржување на коскената минерална густина и интегритетот на коските.
Високите нивоа на витамин К, како она што се наоѓа во лукот, може да помогне во производството на остеокалцин, кој е клучен дел за одржување на минералната густина на коските.
4. Одлично за детоксикација
Кромидот има благи диуретични својства и во комбинација со други карактеристики поврзани со неутрализација на слободните радикали и антибактериски својства, тој е одличен природен начин за детоксикација на организмот.
Стимулирајќи го мокрењето, младото лукче може да му помогне на телото да ги исфрли вишокот токсини, сол, вода, па дури и масти – што се рефлектира во подоброто функционирање на сите органски системи, пишува „Organicfacts“.