Како се прави посно тесто за палачинки? Уживајте во омилениот десерт и за време на постот

popara10 март, 20231min00
978b2d6ad7882b2b3a2fcd1a3ddae6747d536ea0

Палачинките се омилен деликатес на сите генерации, а за нивната подготовка не се потребни скапи состојки. Можат да бидат солени и слатки, а бидејќи Велигденскиот пост е во тек, научете како да ја подготвите посната верзија. Воопшто не е комплицирано, процедурата е иста како кај обичните, единствено нема јајца ни млеко. Уживајте во вкусот на совршено и евтино задоволство, а намазите можете да ги користите по желба.

Состојки:

300 гр брашно
500 мл кисела вода
1 кесичка прашок за пециво
1/2 кесичка сода бикарбона
50 мл масло
прстофат сол

Намази:

ореви
џем
шеќер
крем за постење

Подготовка:

Измешајте го просеаното брашно со прашокот за пециво и сода бикарбоната, па додајте масло, кисела вода и сол. Изматете ги состојките. Тавата премачкајте ја со масло, а потоа прелијте ја со лажица од смесата и убаво распоредете ја. Пржете додека не ја потрошите целата смеса. Можете да ги посипете со мелени ореви, шеќер или да ги премачкате со џем, посен еурокрем…

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag