Зошто спиењето покрај личноста која ја сакате е добро за вашето здравје?

popara10 март, 20231min00
shutterstock2059692725-830x0 (1)

Заспивањето покрај саканата личност е идеален начин да ги заокружите честите напорни денови, освен моментите кога романсата е прекината со нечиј немирен сон, ‘рчење или грабнување на ќебето.

Но, покрај тие досадни ситници, спиењето покрај партнерот носи и многу придобивки.

Поквалитетен сон

Без разлика дали е квалитетно време разговор со вашиот партнер за вашиот ден, читање или нешто друго, поминувањето време во кревет со некој што го сакате може да биде одлично за квалитетен сон.

Заспивате побрзо

Понекогаш, кога спиете сами, размислувате премногу или зјапате во некоја темна точка на таванот и едноставно се оддалечувате. Меѓутоа, кога го делите креветот со партнерот, многу мали се шансите да се заплеткате во вашиот внатрешен монолог, но многу брзо ќе заспиете со мирна глава во нивно присуство. Се чувствувате многу сигурно, што значително го намалува нивото на кортизол – хормонот на стресот.

Го запира стареењето

Постои начин да ја задржите вашата младост без да морате да ја погледнете широката палета на производи и креми што тие би можеле да ви ги обезбедат. Кога го делите душекот со вашиот партнер, додека се смеете, гушкате или дури читате во тишина еден до друг, вашето тело се чувствува до 10 години помладо.

Обнова на енергија

Спиењето не подготвува за претстојниот ден, но кога сме со партнерот, нашите „батерии се полнат“ многу побрзо и подобро од вообичаено. По водењето љубов, се ослободуваат многу хормони кои помагаат да се подобри сонот како што се:

Окситоцин – хормон на љубовта
Сератонин – хормон на среќата
Норадреналин – го регулира спиењето и го балансира стресот
Антидиуретичен хормон – пружа квалитет на сонот
Пролактин – игра улога во подобрување на имунитетот

Кај жените владее РЕМ фазата, која претставува длабок сон.

Ја намалува анксиозноста и не прави посреќни

Мирен сон, безбедност и љубов. Сето ова се одлични работи што ви ги нуди сонот во близина на саканата личност, иако најчесто не сте ни будни. Овие три работи влијаат на нивото на анксиозност, стрес и депресија што не мачи.

Сонот со саканата личност има многу повеќе придобивки кои влијаат на стабилноста и зајакнувањето на врската, но и на зајакнувањето на вашето здравје, наведува „Leesa.com“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag