СИТЕ ЈА САКААТ ЗА МАЈКА: Крис Џенер се појавува во видео на познатата пејачка во стил на филмска дива!

popara12 март, 20231min00
126949a6ca5f4d59a76e3114af970c373960a7ce

Крис Џенер сака да пробува нови работи, а изгледа дека многу луѓе би сакале таа да им биде мајка. Крис уживаше да се појавува во музички спотови, па по гостување кај Аријана Гранде, се најде како ѕвезда на спотот на Меган Трејнор во нејзината најнова песна.

Џенер (67) во видеото го има својот Мерлин Монро момент во бел сатенски фустан, со руса перика и накит. Во стилот на сцената „Diamonds are a girl’s best friend“, Крис позира на розовиот сет, опкружена со танчерки, додека вели:

„Јас сум твојата мајка, мора да ме слушаш.“

Таа подоцна ја симнува периката и ѝ се придружува на Трејнор, а двете дами носат црни кадифен тоалети. Пејачката во видеото се појавува бремена, со своето второ дете.

Обожавателите беа воодушевени од ова неочекувано појавување на една од нивните омилени ријалити мајки. И некој друг не го криеше својот ентузијазам, а тоа е Клои Кардашијан, која напиша коментар за нејзината мајка:

– О боже, врескам! Мамо, те сакам!, додека Ким Кардашијан додала, „Нели мајка ми е најслатка?“

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma