На сите им беше непријатно поради нивното однесување на Оскарите: Никол Кидман и нејзиниот сопруг ги згрозија сите присутни

popara13 март, 20231min00
Screenshot_3

Актерката Никол Кидман и нејзиниот сопруг Кит Урбан не можеле да ја задржат страста на 95-тото доделување на Оскарите во Лос Анџелес.

 

 

 

Имено, парот уживал во страсни бакнежи на доделувањето на престижните награди. Нивната помошничка, која случајно се нашла во близина, се чувствувала прилично непријатно и често го тргала погледот од славниот пар.

 

На 95-тото доделување на Оскарите, актерката се појавила во црн фустан со светки кој ја истакнал нејзината фигура. Освен што разменувале бакнежи, Никол вниманието го привлекла и со лицето кое едвај го мрдала поради третманите.

 

Актерката претходно признала дека користела ботокс, но и дека се откажала од него бидејќи не ѝ се допаднале резултатите.

 

„За жал, пробав ботокс, но се извлеков и сега конечно можам повторно да го движам лицето. Користам крема со висок заштитен фактор, не пушам, не пијам и тоа можам да го кажам со гордост“, рече таа во една прилика.

 

Никол Кидман и Кит Урбан се во брак од 2006 година и имаат две ќерки.