Нема поголема возбуда за мажот од кога жената гласно ќе му даде до знаење дека е задоволена во интимната врска со него.
Иако некому стенкањето и врелите воздишки може да му звучат чудно или вештачко, експертите велат дека мажите сакаат кога возбудата се изразува на овој начин. И во никој случај тоа не треба да се гледа како табу тема.
Мажот не може да се опушти и целосно да ужива со тивка девојка која не дава никакви знаци. Ова често може да го намали либидото на мажот и да направи да се чувствува како да не прави нешто како што треба.
Самодовербата, покажувањето дека ужива во интимноста, како и дека не се срами од своето тело – секогаш се знаци кои се привлечни за мажот. Она што повеќето жени не го знаат е дека мажот обично нема да обрне внимание на нејзините недостатоци, без разлика дали е буцкаста, несовршена, има преголем или премал задник и гради, доколку зрачи со самодоверба и зрачи со позитивна енергија.
Различни се начините на кои можете да изразите дека сте задоволни во креветот и дека партнерот ве задоволува – од забрзано дишење, стенкање, па се до „безобразно зборување“. Поентата е тоа да не звучи лажно и исфорсирано, но ако навистина ви се допаѓа партнерот, тоа ќе си дојде природно. На овој начин дополнително ќе ја зацврстите врската и ќе покажете дека таков маж навистина ви одговара.