По постудените месеци, пролетта е пред нас, а потребно е навреме да ја подготвиме кожата
По низата долги зимски месеци, ги дочекавме првите сончеви зраци, па сега е вистинско време да ја подготвиме кожата за пролетта што доаѓа. За да го вратите стариот сјај на кожата и да ја заштитите од нови штетни влијанија, доволно е да се свртите кон природата. Растителните масла ќе помогнат во обновувањето на кожата.
Треба да ја промениме и да ја прилагодиме нашата рутина за нега на кожата на сончевите месеци што претстојат. Ова се чекорите што секоја дама треба да ги следи.
Пилинг за отстранување на мртвите клетки
Првиот чекор во подготовката на кожата за потопло време треба да биде отстранување на мртвите клетки, кои го попречуваат природниот метаболизам и убавиот и негуван изглед. Бидејќи обновувањето на кожата се одвива со различно темпо во зима, како резултат на постудените месеци имаме сува и груба кожа, која ја изгубила својата мекост и еластичност. Со пилингот ќе го отстраниме овој непотребен слој на кожа и ќе и овозможиме непречено да функционира, но и ќе помогнеме нанесените препарати да навлезат во подлабоките слоеви и длабоко да ја нахранат.
Хидратација
Бидејќи во текот на зимата бевме изложени на студен воздух и силен ветер и често престојувавме во затворени простории со мала влажност на воздухот, резултатот е сувост на кожата на лицето и телото. Како подготовка за пролетните месеци, неопходно е да и се врати природната влажност на кожата, но и да и се дадат многу антиоксиданси, кои ќе ја направат поубава, но и поотпорна на штетните влијанија од надворешната средина. Маслото од семки од кајсија е богат извор на витамини А, Ц и Е, неопходни за правилно функционирање на кожата, нејзина регенерација и заштита од надворешни влијанија.
Заштита од сонце
Сите уживаме во пролетното сонце, особено по сивилото на есента и зимата. Сепак, мораме да бидеме внимателни со него. Започнете да користите креми со заштитен УВ фактор уште денес. Дополнително, маслото од семки од малина е погодно за употреба во пролетните месеци бидејќи содржи природен заштитен фактор и во исто време ја храни и хидрира кожата. Едноставно заменете ја вашата крема со ова масло и ќе добиете одличен производ за нега и заштита на кожата. Маслото од морков е богато со витамини и каротеноиди кои го спречуваат дејството на слободните радикали и оштетувањето на нашата кожа.