Иако е голема ѕвезда, Џулија Робертс во слободното време за да се опушти практикува нешто што многу дами го заборавиле
Една од најубавите и најпознатите актерки, Џулија Робертс, може да си дозволи да се одмора кога сака, на најексклузивните локации, да оди секој ден во спа центар и на масажи, на најразлични третмани за убавина, но не е личност која само ќе се набљудува себеси во огледало и ќе се грижи за тоа како изгледа. За мир и релаксација ѝ е доволна една од најобичните активности.
Станува збор за рачна работа, поточно за шиење и плетење, што е се помалку присутно во животот на модерните жени.
– Имам една мала соба и во неа машина за шиење и се што ми треба за плетење, игли, крпчиња, конци и материјали. Тоа е моето мирно место, моето катче каде одам кога сакам да се опуштам и да бидам малку сама – истакна актерката.
Таа е мајка на три деца и кога биле мали немала многу време за своето хоби, бидејќи детските обврски и активности биле многубројни. Сепак, таа се обидувала да украде неколку моменти за да биде креативна, наместо, на пример, да оди на маникир, што би го направиле многу други жени.
– Изгледот не ми е на прво место. Поважно ми е да бидам среќна, да го правам она што ме исполнува во тој момент – објасни Робертс.