Холивудската ѕвезда Линдзи Лохан сподели неколку многу важни вести во вторникот наутро.
Имено, актерката за „TMZ“ откри дека е бремена со сопругот Бајдер Шамас.
– Многу сме возбудени за новиот член на нашето семејство и со нетрпение го очекуваме ова следно поглавје од нашите животи! – изјави Линдзи.
Лохан последен пат беше фотографирана на 9 февруари на ревијата на Кристијан Сириано во Њујорк. Во тоа време актерката носела широка облека, а никој не се посомневал зошто.
Таа објавуваше фотографии и на Инстаграм, но секогаш го криеше средниот и долниот дел, така што и таму никој не можеше да заклучи дека актерката всушност е бремена.
Нејзините последни неколку објави на Инстаграм беа само до вратот додека го криеше нејзиниот среден дел.