Линдзи Лохан објави среќна вест – актерката и нејзиниот сопруг Бадер Шамас го очекуваат своето прво дете. Лохан не го откри полот на бебето ниту кога треба да се породи, само сподели слатка фотографија од бела бебешка облека на Инстаграм.
Лохан и Шамас се венчаа минатата година во приватна церемонија, а актерката се обидува да ја држи нивната врска што подалеку од јавноста.
ОБЈАВАТА МОЖЕ ДА ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА.
За Шамас има изјавено дека не е јавна личност, како и тоа дека и е огромна поткрепа во животот.
Публиката за прв пат ја запозна Линдзи откако глумеше во филмот Parent Trap, каде играше двојна улога на сестри близначки.
Потоа следеа низа популарни филмови како Mean Girls и Freaky Friday каде играше ќерка на оскаровката Џејми Ли Кертис.
Лохан подолго време се бореше со зависности, па се надеваме дека во оваа нова улога ќе се снајде многу добро.