Веројатно оргазмот го поврзувате со сексуален однос – како што прават повеќето луѓе.
И не сфаќајте погрешно, дефинитивно сте доживеале одлични оргазми со партнерот, мастурбација или секс играчки. Но, доколку барате нов вид на сексуална возбуда, која може да ја постигнете сами, понекогаш дури и во текот на денот, ви препорачуваме оргазам без раце.
Да, можно е да доживеете незаборавен оргазам дури и без да се допирате, да се триете со друго тело или да се соблекувате. Всушност, можеби веќе го доживувате кога спиете, работите или вежбате. Излегува дека има многу активности – вклучувајќи ги и оние наведени овде – кои во најмала рака можат да ги имитираат физичките сензации што ги добивате кога ќе достигнете кулминација со физички контакт.
Ако сте навикнати да доживувате оргазам по интензивна стимулација, ова што го опишавме погоре може да ви изгледа утописки. Меѓутоа, кога ќе одберете да се опуштите и да дозволите вашиот ум и тело да преземат контрола, ќе имате уникатно искуство. Се разбира, да бидеме појасни, тоа можеби нема да му се случи на секого од прв пат. Исто така, некои можеби никогаш нема да доживеат еден од следните оргазми. Сепак, тоа е одличен начин малку да ја промените вашата романтична, соло рутина.
Автономен сензорен меридијански одговор или ASMR
Терминот се однесува на чувството предизвикано од различни звуци, како што се шепоти, меки свирежи, нежно тапкање по површини или дишење, и стана познат како мозочен оргазам. Замислете да ви ја масираат главата без никој да ве допира. Многу луѓе кога слушаат или гледаат „ASMR“ видеа се релаксираат, спијат или се стимулираат и доживуваат оргазам.
Гимнастика
Оргазмот без раце предизвикан за време на вежбањето стана познат како „кореоргазам“. Тоа се случува повеќе кога правиме вежби за стомачни, а теоријата за тоа стана вирална и на Тик Ток. Според експертите, искуството варира од личност до личност и времето кое го посветуваме на секоја вежба игра голема улога. Зошто може да биде ова? Бидејќи при стомачни вежби се активираат истите мускули како и за време на сексот.
Спиење
Во овој случај, вие и немате контрола. Оргазмот за време на спиењето е поврзан со сексуалните мислите што ги имаме. Сексуалните соништа се вообичаени. Всушност, за време на нив, многу луѓе имаат чувство дека доживуваат оргазам, или можеби навистина имаат.