Подгответе се за уште една предизвикувачка криенка
Унгарскиот уметник Џерџели Дудаш, попознат како Дудолф, создаде нова криенка која ќе ги тестира вашите перцептивни способности.
Дудолф е познат по неговите неверојатно добри криенки кои ја тестираат вашата моќ на набљудување.
На илустрацијата се прикажани многу кокошки меѓу кои вешто се кријат три бувови.
Кокошките се во различни бои, а уметникот ги оживеал со додавање мали детали како очила, капи, вратоврски и шалови.
Криенката бара да најдете дури три скриени бувови меѓу кокошките.
Додека некои успеваат да ги најдат сите три бувови, други се мачат и не успеваат да ги најдат сите.
Ако не можете да ги најдете сите, погледнете го решението подолу.