Неколку капки за очи ќе направат чуда
Доколку забележите дека маскарата предвреме се исушила или дека нејзината содржина станала премногу густа, постојат едноставни начини да ја вратите во првобитната состојба.
Еден од нив е да ја држите во чаша со топла вода, која е претходно сварена, пред да ја нанесете. Затворената маскара потопете ја во вода до капачето. Оставете да делува пет минути, а потоа користете ја како и обично.
Можете да го решите проблемот со додавање на неколку капки обична вода, но ќе биде многу поефективно ако капнете неколку капки за очи.
Откако ќе го направите тоа, протресете го пакувањето и, ќе видите, маскарата ќе биде како нова. Истата постапка можете да ја примените со помош на течноста што ја користите за одржување на контактните леќи.
Кога ќе забележите дека маскарата станала сува, можете да прибегнете кон трик кој ќе ви помогне во исто време да ги негувате трепките. За тоа ви треба течно кокосово масло. Додадете пет капки од ова масло во пакувањето и енергично протресете. Маскарата повторно ќе биде употреблива, а трепките „нахранети“.