На забавата во хотелот „Шато Мармонт“ што ја организираа Бијонсе и Џеј Зи по доделувањето на Оскарите минатиот викенд, присуствуваа најголемите холивудски ѕвезди, а меѓу нив беше и Ријана која изгледаше како милион долари, но буквално.
Бремената пејачка се појави во комбинација на облека од модниот бренд „Валентино“, во форма на топ и панталони, додека светло розев капут и помогна да се заштити од студот.
Како што пренесуваат медиумите, споменатиот топ кој ѕвездата од Барбадос го имала на себе чини неверојатни 1,8 милиони долари. Покрај тоа, познатата пејачка носеше и дијамантски ѓердан од 96 карати, ретка боја на роза.
-Секако, нејзиниот изглед не би бил целосен без блескав прстен, кој наводно чини над 2,67 милиони долари, пишува „Page Six“.
Интересно е што низ целиот интернет се коментира дека Ријана ја засенила дури и домаќинката на забавата Бијонсе, чии фотографии се уште не се достапни на медиумите, со своето ексцентрично издание вредно неколку милиони долари.