Малкумина се оние кои избегнуваат кисела вода, додека поголем дел од луѓето сметаат дека таа позитивно влијае на варењето, ги ублажува мачнините, мамурлакот и слично.
Американскиот сајт Healthline, кој се занимава со здравјето и влијанието врз здравјето на различните намирници и пијалоци, ги објави резултатите од студијата за потрошувачката на кисела вода.
За разлика од другите газирани пијалоци, киселата вода не содржи шеќер, а се покажало дека позитивно влијае и на процесот на варење.
Резултатите од некои истражувања потврдија дека постои корелација помеѓу консумирањето кисела вода и намалувањето на проблемите со запек и подобрувањето на работата на срцето, како и намалувањето на нивото на лошиот холестерол и шеќерот во крвта. Сепак, резултатите не се целосно потврдени.