Пејачката Лејди Гага на аукција во Лос Анџелес купи 55 костими што ги носеше починатиот „крал на попот“, Мајкл Џексон и ги воодушеви сите негови обожаватели ширум светот, пренесува Би-Би-Си.
Костимите ќе бидат стручно зачувани во духот на љубовта кон легендарниот изведувач Мајкл Џексон, ќе го паметиме по неговата храброст и неговите обожаватели ширум светот, ги информираше Гага фановите на својот твитер – профил.
Од аукциската куќа Juliens, јакна што ја носеше Џексон за време на промотивната турнеја за албумот „Bad“ беше продадена за 240.000 долари, а ракавиците украсени со кристали за 100.000 долари.
Пејачката потроши огромна сума пари на костими и колекција.
„Бев импресионирана“ – рекла Гага која купила 55 парчиња, а особено и се допаднале кристалната јакна и ракавиците.
Костимите од колекциите на долгогодишните дизајнери на Џексон, Денис Томпкинс и Мајкл Буш, достигнаа вкупно над 5 милиони долари на аукција, а еден дел беше наменет за добротворни цели.