Дали е паметно да пиете кафе пред спиење? Одговорот може да ве изненади!

popara20 март, 20231min00
shutterstock1682596501-830x0

За многумина кафето не е резервирано само за утринско будење, туку се ужива и навечер.

Посебно е вкусно кога ќе го пресече десертот по обилна вечера и на тој начин ја балансира сладоста, додека многумина сметаат дека кафето го смирува нивниот стомак, а неговиот горчлив вкус го претставува крајот на оброкот. Од социјална перспектива, кафето им овозможува на луѓето да останат на масата малку подолго и да ја продолжат вечерта после јадење.

Шолја кафе за некои стана омилена традиција, но дали е тоа здрава навика, објаснува нутриционистката Сара Шлихтер од Real Simple.

Ризици од пиење кафе навечер

За оние кои се склони кон проблеми со спиењето и/или анксиозност, пиењето кафе доцна навечер може да биде проблем. Шлихтер објаснува дека кафето „може да ја зголеми будноста и анксиозноста“ – реакции кои веројатно се поврзани со покачените нивоа на кортизол (хормонот на стрес) што го зголемува кафето.

Така, иако може да биде корисно за зголемување на енергијата во текот на денот, може да придонесе и за нарушен сон, особено кога се консумира пред спиење. Шлихтер нагласува дека „соодветниот, мирен сон е важен за целокупното здравје“ и затоа треба да се сфати сериозно.

Колку доцна можете да пиете кафе со кофеин?

Според Schlichter и студија објавена во Journal of Clinical Sleep Medicine, се препорачува да престанете да пиете кафе со кофеин шест часа пред спиење. На пример, ако легнете во 22 часот, престанете со кафето со кофеин најдоцна до 16 часот, за да имате најдобри шанси за мирен сон.

Дополнително, Шлихтер признава дека некои луѓе не се толку чувствителни на кофеин како другите, и дека е можно кафето да ја намали анксиозноста ако е поврзано со чувството на удобност и релаксација. Иако се ретки, постојат луѓе кои можат мирно да спијат по едно ноќно кафе.

Што е со кафето без кофеин?

Кафето без кофеин е побезбедна опција за пиење навечер, но „сепак содржи мали количини на кофеин“, предупредува Шлихтер. Ако сте особено чувствителни на кофеин, најдобро е да избегнувате да го пиете навечер.

Бидејќи содржината на кофеин во кафето без кофеин е регулирана и не надминува 0,10 проценти од кофеинот, за многумина таквото кафе не влијае на спиењето. Ако сте меѓу нив, слободно пијте!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag