Свој римејк ќе добие и познатиот филм „9 1/2 Weeks“ од 1986 година, во кој главните улоги ги играа Ким Бесинџер и Мики Рурк. Нарачан е од Prime Video на Amazon и ќе биде во форма на ТВ серија.
Римејкот ќе се базира повеќе на книгата отколку на филмот од 1986 година.
Улогата ја прифати Ким Бесинџер, но таа нема да го игра главниот лик, туку ќе глуми универзитетски професор, пишува Дејли Меил.
Сè уште не е одлучено кој ќе биде избран за главните улоги, но се смета дека тие не треба да бидат премногу познати.
Снимањето ќе започне летово во Лондон и Манчестер.
Инаку, во оригиналниот филм главните улоги ги толкуваат Ким Бесинџер и Мики Рурк, пар странци кои брзо се вплеткуваат во жешка, но сосема случајна афера со садо-мазо призвук.
Оригиналната книга, која веднаш стана позната кога беше објавена во 1978 година, ја напиша американската новинарка Ингеборг Деј, која пишуваше под името Елизабет Мекнил.