Свежината во домот е секогаш убава и пријатна, но понекогаш некои непријатни мириси можат да ја расипат.
Најчесто тоа е кога се готви нешто или чад од цигари, но можете лесно да се ослободите од нив без потреба да купувате комерцијални освежувачи за воздух.
Taste Of Home нуди неколку идеи за тоа како и кои природни мириси можете да ги користите или да направите за да го освежите воздухот во просториите на вашиот дом.
1. Кафе
Секој вид кафе има посилна арома и е многу пријатна. Покрај тоа што ни дава дневен поттик, кафето делува и како природен домашен освежувач на воздухот. Доколку сакате да се ослободите од непријатниот мирис во просторијата, користете кафе. Наполнете го садот со зрна кафе и ставете го некаде во собата. Ако имате клима уред, вентилација или вентилатор, поставете сад во нивна близина така што убавиот мирис на кафе да се шири што побрзо низ просторијата.
2. Цитрус и нане – идеална комбинација!
Цитрусот и нането се одлична комбинација доколку сакате свежина во собите. Во шишето што ќе го изберете измешајте 3/4 чаша вода, 2 лажички вотка или дури и екстракт од ванила и малку есенцијално масло од лимон или портокал и нане. Уживајте во овие прекрасни мириси и свежината што ја носат!
3. Сода бикарбона
Ако не сте знаеле, сода бикарбона е идеална за отстранување на непријатниот мирис. Можеби нема мирис на парфем, но ќе се погрижи непријатните мириси целосно да исчезнат. Сè што треба да направите е да ја измешате со вода и да ја оставите во просторијата да ја направи својата магија.
4. Свежо цвеќе
Одржувањето свежо цвеќе во секоја соба сигурно ќе донесе пријатен мирис во вашиот дом. Цветовите од афион и од лаванда се одлични за дневната соба, додека кујната можете да ја декорирате со мирисите на нане, рузмарин и слични растенија.
Уживајте во овие освежувачи и заборавете на непријатните мириси.