Да, сите ние сакаме да уживаме во сексот, не знаејќи ги неговите добри страна, освен оние што ни ги дава задоволството.
Сексот има одличен ефект врз нашиот мозок, здравјето и на нашата линија.
Луѓето кои редовно имаат секс (колку поквалитетен толку подобро) живеат подолго и имаат значително помалку здравствени проблеми.
Влијание на сексот врз здравјето
– Сексот е одличен сојузник во зајакнување на имунолошкиот систем, па луѓето кои редовно уживаат во сексуалниот чин имаат многу посилен имунолошки систем.
– Ослободува од стресот. Луѓето кои редовно уживаат со партнерот (или со повеќе) се многу порелаксирани, потешко паѓаат во депресија и полесно преминуваат преку проблемите.
– Со сексот горите повеќе од 500 калории.
Се разбира, во зависност од начинот на кој водите љубов, можете да изгорите и поголем број на калории.
Имајте на ум дека луѓето во просек секој ден внесуваат ,, 1500-2500 калории а 500 калории се значаен дел од сево ова.
Еве одличен начин да се доведете во форма.
– Овозможува добар сон. Познато е дека после секс лесно се заспива. Ако ова не е случај со вас, веројатно ќе треба да го зголемите интензитетот на актот.
Со секс пред спиење во голема мера го подобрувате квалитетот и длабочината на спиењето и може да бидете многу поодморини кога ќе се разбудите. Се разбира, ако не трае премногу долго.
– Паровите кои редовно водат љубов во просек живеат подолго. Исто така, во просек се чувствуваат и 10 години помлади (ова важи за постарите двојки).
– Љубовта е превенција во борбата против болестите на срцето. Дури 30% се помали шансите да се развијат кардиоваскуларни болести кај луѓе кои редовно имаат секс.